Беквалац откри во каков однос е со нејзиниот поранешен сопруг: „Познавајќи ја неговата природа…“

од Stefanija Kuzmanovska
384 прегледи

По подолго време, Наташа Беквалац откри во каков однос е со нејзиниот поранешен сопруг, познатиот ватерполист Данило Икодиновиќ, со кого ја има ќерката Хана.

На прашањето колку време им било потребно за да стигнат до нормална фаза по тешкиот развод, Беквалац ја објаснила ситуацијата.

„Познавајќи ја неговата природа, изненадена сум што воопшто зборува за мене. Шегата настрана, од моментот на нашиот развод до денес, нашата единствена заедничка тема и она што нѐ спојува е нашето дете. Особено сум горда на Хана, на сѐ што е и во какво женско посебно битие се развива. Верувам дека Данило зборува убаво за мене бидејќи ме гледа низ улогата на мајка на Хана. Уживам почит од него и тоа е единственото нешто што ми треба за да го воспитам нашето дете со сите мои капацитети и љубов “, изјави Наташа за списанието„ Стори “.

Слични содржини