Полицијата на Тајланд денеска се судри со демонстрантите откако стотици од нив се спротивставија на забраната за собири во центарот на Бангкок, за време на која тие се обидоа да маршираат до резиденцијата на премиерот за да побараат негова оставка поради кризата со коронавирусот во земјата.
Полицијата фрли солзавец и гумени куршуми врз демонстрантите кои се обидоа да превртат контејнери за да ги искористат за блокада на патот, што е, како што наведе „Ројтерс“, трет ден од конфликтот оваа недела.
Активистите на групата „Талуфах“ ветија дека ќе протестираат мирно откако демонстрациите претходно оваа недела исто така завршија кога полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера.
Демонстрантите бараат оставка од премиерот Прајут Чан -ок, кого го обвинуваат за несоодветен одговор на кризата со Ковид -19, поради што денеска во Тајланд беше забележан рекорден број на новозаразени лица.