Американските тајни служби се на терен Шпионски бараат докази дали коронавирусот потекнува од Вухан

од desk4
175 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден на американските тајни служби им  даде рок од 90 дена  да откријат дали коронавирусот побегнал од лабораторија или е на луѓето  е пренесен од природата.

Со ваквата наредба администрацијата на Бајден, продолжува по стапките на својот претходник Доналд Трамп, сомневајќи се дека Кина е земјата која дозволи да побегне коронавирусот од експериментална лабораторија во Вухан.

Американските власти со ваквиот чекор покажаа дека нема да се откажат од изнаоѓање на теренски докази, но дека тоа нема да го направат како во случајот со атомските експерти кога отидоа во Ирак туку тајно бидејќи група научници од Светската здравствена организација веќе беа во Кина и не пронајдоа ништо.

Американците сега ги презедоа работите во свои рацеСи -Ен -Ен објави дека американските разузнавачки служби копаат низ она што се нарекува ковчег со богатство од информации за генетиката на коронавирусот за да дојдат до конечен одговор за неговото потекло. Што треба да следи откако овие податоци се управуваат на соодветен начин и се читаат.

Под истрага се 17 институции

Ваквиот огромен каталог на информации, исто така, содржи генетски нацрти извлечени од примероци од вирусот што беа проучени во лабораторија во Вухан. Практично од почетокот на пандемијата, некои кругови се сомневаат дека изворот на инфекцијатавсушност потекнува од лабораторија. А најновата теорија говори дека тоа е лабораторијата во Центарот за контрола и превенција на болести во Вухан, лоцирана веднаш до пазарот, за која се тврди да биде „нула – нула“ .инфекција што го парализира светот.

Но, веста за истрагата на американските разузнавачки служби не наведува од каде потекнува големата количина на толку вредни информации. Факт е дека создавањето на такви бази на податоци и нивната обработка бараат мрежи од многу силни компјутери, со што се остава можност податоците да се добиени со хакирање. Сепак, оваа огромна количина сурови податоци треба да се прочита на некој начин, односно да се преведе во нешто што може да се искористи.

Џо Бајден на тајните служби им даде рок од 90 дена да го утврдат потеклото на вирусот. Американските експерти велат дека  утврдувањето на вистинското потекло на вирусот во случајот е дури и прашање на политички и разузнавачки престиж кога  конкуренција на Кинезите е голема на сите полиња. Заради истражување на овие податоци, се користат суперкомпјутери на Националните лаборатории на Министерството за енергија на САД, а во тој ентитет има 17 истражувачки институции.

Технологијата е едно, луѓето се друго, бидејќи податоците се напишани на кинески професионален јазик, затоа е потребно силно познавање на таквата комуникација. И сигурно е дека такви луѓе нема многу бидејќи ќе мораат да се стекнат со висок степен на безбедносен сертификат Минималната цел на оваа истрага е да се утврди како вирусот скокнал од животно на човек.

Одговорот на ова  прашање, најверојатно ќе даде решение и на  загатката за  патот на до пандемијата, без разлика дали излегол од лабораторија или поминал на човек по природен пат некаде на отворено. Се поставува и прашањето за базата на податоци од 22.000 примероци на проучени вируси проучени на Институтот за вирусологија во Вухан, која кинеската влада ја отстрани од Интернет во септември 2019 година Оттогаш Кина одбива да ја направи достапна базата на податоци.

Логиката диктира дека оваа база на податоци може да содржи информации за генетската историја на коронавирусот, но постојат и научници кои се сомневаат дека таму има нешто друго со што науката повеќе од година и пол не била вклучена.