Претседателката Даниела Арсовска во моментов е на одмор, во моментов немаме информација дека таа ќе се кандидира за позицијата градоначалник на градот Скопје, изјавија од Сојузот на Стопански комори за „Локално“ по повод денешните информации во некои медиуми дека таа ќе се соочи со Петре Шилегов на претстојните локални избори.
До неодамна како кандидат за градоначалник на главниот град од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се споменуваше Коце Трајановски.
Имињата за кандидати за градоначалници опозициската партија ќе ги потврди на седница на Централниот комитет во недела.
Според информациите, партијата на Мицкоски ќе ги потврди Орце Георгиевски за градоначалник на Кисела Вода, Бобан Стевковски за Гази Баба, професорката Наташа Котлар за Центар, Дејан Митревски за Аеродром, додека д-р Александар Стојковски ќе му се спротистави на актуелниот Александар Наумоски за Ѓорче Петров.