Марамчето на Меси се продава за милион долари

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Компанијата за онлајн продажба „Меркадо Либре“ објави дека го продава марамчето, со кое аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги избриша очите и носот за време на збогувањето од шпанска Барселона, за милион долари.

Непознат продавач во објавата напишал дека, покрај солзите, шамичето содржи и „остатоци од носот на Аргентинецот“, и дека со помош на тоа, некој може да го клонира Меси.

Рекламата привлече голем интерес од љубителите на фудбалот ширум светот, а голем број корисници на интернет на шега ја коментираа објавата.

Некои корисници го прашаа сопственикот на рекламата дали има тоалетна хартија од тоалетот на новиот клуб на Меси, Пари Сен Жермен, кој „Аргентинецот сега го користи“, објави Спутник.

Слични содржини