Државата тоне се подлабоко со епидимијата, секој ден се зголемуваат бројките на заразени и починати од пандемијата. Само последните 6 дена, откако Заев и Филипче се сликаа во Македонија, па се вратија на плажите кај нашиот јужен сосед, во Македонија имаме нови 3336 новозаразени и 30 починати граѓани. Македонија повторно на врвот на Ворлдометар по проценотот на заболени и починати од Ковид. Ете толку ги чини граѓаните неодговорноста на власта, велат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Пред само неколку недели велеа дека ја победиле пандемијата, за денес да имаме дневно по над 650 ново заразени од Ковид 19 вирусот.
Наместо навремени и соодветни мерки за граѓаните, власта на СДСМ донесе дискриминирачки мерки со кои ќе бидат погодени не само здравствениот систем, туку и економијата во Македонија. Фашизоидни мерки кои најверојатно ги измислиле на плажите додека беа на одмор.Одговорност за овој хаос со здравствениот систем многу брзо ќе има“, додаваат од партијата на Мицкоски.