Сите чекаат да видат како ќе изгледа Пари Сен Жермен со голем број sвезди предводени од Лионел Меси.
Затоа, тренерот на Париз, Маурисио Почетино, ќе се соочи со голем предизвик.
– Имаме тим со големи имиња и голем талент. Најголемиот предизвик е да ги прилагодиме да работат заедно и да создадат динамика во која ќе можат да се чувствуваат важни за да имаат лични улоги и да функционираат што е можно подобро – рече Почетино.
– Ако не играме како тим или не тренираме напорно и ако не се придржуваме до принципите за кои сите се согласуваме, ќе биде тешко да ја покажеме формата и играта што ги сакаме без оглед на имињата – свесен е тренерот на „светците“.
ПСЖ ја отвори сезоната во Лига 1 со победата над Троја (1:2), а во второто коло од шампионатот ќе се соочи со Стразбур на „Паркот на принцовите“.