338
На 13.08.2021 во 15.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен во близина на охридското село Опеница, патничко возило „форд“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(28) од Битола, излетало од патот, соопшти МВР.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од Битола, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.
Увид извршија полициски екипи, наведоа од Министерството.