Пејачката Тијана Дапчевиќ пронашла албум со стари фотографии, што кај неа ги разбудило спомените.
Пејачката ја опиша секоја поединечно, и се сеќава на периодот и настаните.
„Она кога го средуваш плакарот и ќе најдеш престари фотографии, па те удрат флешбекови. Ијаоооо … На првата слика имам едвај 18 години, тогаш бев модел, како и во втората (од истото шоу), третата е од познатиот фестивал на популарна музика „Макфест“ во ’99 година (во тоа време веќе бев голема и пеев ихахај). На третата слика, веќе сум вљубена во Милан и го гледам како теле во шарена врата (како и денес), а на последната слика веќе сум во Белград (почеток на ’00) и го крадам микрофонот на Леонтина. Ништо не се смени, како да не поминаа толку години … Сѐ уште сум млада и подготвена за нови предизвици. Кој знае, можеби утре повторно ќе бидам модел“, напишала Тијана во описот на старите фотографии.
View this post on Instagram