Со оглед на тоа што успешно ја криеше првата бременост, обожавателите се убедени дека најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер, повторно е бремена и дека тоа го крие од љубопитната јавност.
Имено, сомнежот на обожавателите и следбениците на Кајли го поттикнаа нејзините објави на социјалните мрежи, меѓу кои нема слики од целата нејзина фигура, а исто така старлетата објавува само стари слики.
Она што дополнително ги натера фановите да се сомневаат дека Кајли е бремена е тоа што не приреди забава за нејзиниот роденден, кој беше неодамна.
Исто така, нејзините најблиски пријатели не објавија никакви фотографии со Кајли на нејзиниот роденден, како што е случајот со нејзината блиска пријателка Стејси, која тоа го правеше многу често.
Да потсетиме, Кајли девет месеци успеа да ја скрие својата прва бременост од јавноста и медиумите, а за малата Сторми им кажа на сите дури кога се породи. Ова беше чудно за секого, но Кајли го објасни тоа со зборовите дека била изложена на огромни притисоци во јавноста во минатото и не сакала тие да влијаат на нејзината бременост. Дали е тоа така и сега, времето ќе покаже.