Ангелов: Директорите од времето на ВМРО-ДПМНЕ се памтат како „врвни“ познавачи на кризниот менџамент, особено на менаџирањето шумски пожари

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Со исклучок на директорот Панде Лазаревски кој од пред неколку месеци е мој близок соработник и советник, сите останати директори се „врвни“ познавачи на кризниот менџамент, особено на менаџирањето шумски пожари и јавноста ги памети нивните имиња по многуте успешни акции кои останале зад нив, пишува на својот Фејсбук профил Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Вака во реалноста ВМРО ДПМНЕ се грижи за Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Еден ден, во не толку блиска иднина, ВМРО ДПМНЕ ќе формира влада па се прашувам кој ќе биде нивниот следен експерт за кризен менаџмент?“, прашува Ангелов.

Слични содржини