Поп sвездата Адел одлучи да издвои 13 милиони евра за својата нова луксузна вила во Лондон.
Пејачката со раскошен глас купи две парцели во делот на Кесингтон кој штотуку започнува да се развива. Покрај тоа, таа планира да урне две постоечки куќи и да изгради вила на тоа место, а тоа задоволство ќе ја чини околу два и пол милиони евра.
– Оваа куќа е вистинското место за најголемата sвезда во светот. Сите пари ќе бидат потрошени – рекол извор за „Мирор“.
Имено, вилата на пејачката Адел наводно ќе има четири ката со три спални соби во форма на станови и многу скапа игротека за нејзиниот осумгодишен син Анџело, кого го доби од бракот со Сајмон Конецки.
Покрај тоа, Адел ќе го има целиот прв кат само за себе, и планира да ја направи спалната соба за неа и нејзиното момче со големина од 100 квадратни метри, што е речиси двојно повеќе од просечен стан во Лондон. Исто така, тие двајца ќе имаат посебни бањи.
Во долниот дел од куќата, ќе има голем подрум и гаража, а пејачката ќе има и простран двор и голема градина.
Се очекува наскоро да започне изградбата на новиот дом на Адел.