ХАОС НА АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ: Луѓе брзаат да се качат на авионите, снимки ја покажуваат паниката и очајот на Авганистанците (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
329 прегледи

Додека Талибанците слават во центарот на Кабул и се фотографираат во канцеларијата на Гани, евакуацијата продолжува на Меѓународниот аеродром Хамид Карзаи, со поплава од спротивставени информации.

И покрај се, како Европејците, така и Авганистанците кои соработуваа со НАТО и американската армија се обидуваат да ја спасат својата кожа, бидејќи се плашат од одмазда на Талибанците, кои влегоа во Кабул без да испукаат куршум.

Во текот на денот, евакуацијата продолжи и покрај тоа што Талибанците влегоа во градот. Речиси сите европски дипломати и членови на воената мисија на НАТО се на аеродромот, кој го обезбедуваат американските маринци, додека Талибанците се наоколу.

Има спорадични престрелки и гранатирања, но и покрај тоа евакуацијата продолжува.

Францускиот амбасадор во Авганистан, Давид Мартон со својот мобилен телефон забележа како изгледа бегањето од Авганистан, кој го сними моментот на евакуација со американски воен транспортен хеликоптер, како и моментот кога во авионот влегуваат работници од амбасадата, а може да се види доверлив материјал.

Од друга страна, француската министерка Флоренс Парли вечерва објави дека претседателот Емануел Макрон наредил два транспортни авиони Ц-130 и А-400М да летаат кон Обединетите Арапски Емирати, од каде ќе започнат операција за евакуација и извлекување на околу 200 француски државјани од раните утрински часови во понеделникот во Авганистан. Авионите ќе летаат на релација аеродром Кабул-Абу Даби, каде што ќе бидат подигнати од припадниците на француските воздухопловни сили и подготвени за нивно враќање во нивната татковина.

Додека странските мисии најавуваат враќање или реализираат исклучиво со воени транспортни авиони, кратко се појави видео од хаосот на самиот аеродром, каде што голем број луѓе се обидуваат да се качат на транспортен авион и да излезат од Авганистан.

Упатените тврдат дека НАТО наредил забрана за полетување на комерцијалните летови од аеродромот во Кабул и тоа е дозволено исклучиво за воени авиони.

Американската војска денеска испрати неколку авиони за специјални операции, како и еден танкер КЦ-135Т за дополнување на УСАФ МЦ-130Ј. Исто така, транспортниот авион Ц-17 Глоубмастер со 300 припадници на американската армија, кој треба да обезбеди евакуација од Кабул, слета во базата Ал Дахфра во ОАЕ.

Повеќето европски земји одлучија да го евакуираат својот персонал. Освен амбасадите на САД, Канада, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, кои го евакуираа својот персонал, има и такви што продолжуваат да работат, како што е амбасадата на Турција, која објави дека нема да го повлече својот дипломатски персонал по заземање на Кабул од страна на талибанците.

Слични содржини