Актерка сака да го купи коњот што беше малтретиран на Олимпијадата

од Vladimir Zorba
450 прегледи

Откако Ким Рајснер беше исфрлена од Олимпијадата затоа што го удри коњот за време на настап, актерката Кејли Куоко изрази гнев поради настанот на својот Инстаграм и јавно ја критикуваше Ким.

„Сметам дека е моја должност да го коментирам овој срам“, започна таа.

„Ова е одвратно претставување на нашиот спорт на многу начини. Треба да се срамиш. Господ нека му е на помош на секое животно што ќе дојде во контакт со тебе “, напиша актерката и додаде: „Ќе го купам тој коњ веднаш и ќе му го дадам животот што треба да го има. Наведете ја цената“, додаде Кејли, која јава од тинејџерските денови.

Да ве потсетиме, во модерниот петобој на Олимписките игри, на натпреварувачите им се дава 20 минути да се обидат да се поврзат со непознат коњ. Коњот Сент Бој, како што се вели, бил непослушен дури и кога бил контролиран од натпреварувачката Шел, но најдалеку и најнесоодветно во обид да го смири и контролира отиде Рајснер, кој го удри со тупаница.

Настанот го шокираше светот и го привлече вниманието на организациите за заштита на животните, кои повикуваат на промени во спортот.

Слични содржини