291
Бројот на загинати во земјотресот на Хаити се искачи на 1.297, а повеќе од 5.700 луѓе се повредени, објави службата за цивилна заштита.
Во земјотресот беа предизвикани одрони, што ја отежна операцијата за спасување, а премиерот на Хаити, Ариел Анри, прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена.
Ситуацијата може да се влоши со доаѓањето на тропската бура Грејс, која се очекува вечерва да го погоди Хаити.
Центарот за урагани соопшти дека Грејс ја загуби својата сила од вчера, кога имаше ниво на бура, но дека може да донесе пороен дожд, поплави и свлечишта.