Карлеуша се пофали со новите чевли кои се тренд во најава, цената вистинска „ситница“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
356 прегледи

Поп -sвездата Јелена Карлеуша често ги истакнува своите комбинации на облека кои предизвикуваат големо внимание во јавноста, а сега покажа чевли, кои се тренд во најава.

Имено, Карлеуша објави видео на Инстаграм во кое ги претстави своите нови чевли, неонско розеви, од познат моден бренд. Многумина беа воодушевени од глетката, а на некои им се заврте кога сфатија колку всушност чинат чевлите.

Невообичаени потпетици се од Италија, од последната сезона на познат моден бренд, а цената е вистинска „ситница“ – 670 евра.

Со оглед на тоа колку ЈК сака облека и чевли, не е изненадувачки што овие чевли сега станаа дел од нејзината огромна колекција, а многумина се прашуваа дали се нов хит.

Слични содржини