397
Култниот филм „Брилијантин“, со Џон Траволта и Оливија Њутон Џон во главните улоги, доби и сериска верзија.
Имено, новиот стриминг сервис „Paramount Plus“ нарача серија наречена „Grease: Rise of the Pink Ladies“ и е вовед во легендарниот мјузикл.
Како што е наведено, приказната е поставена во 1958 година, а главните ликови се Дени и Сенди. Започнуваат кратка романса за време на празниците, но потоа настанува промена. Имено, Сенди се запишува во гимназијата Рејдел, што на Дени воопшто не му се допаѓа.
Серијата „Grease: Rise of the Pink Ladies“ ќе има 10 епизоди, а дејството се случува 4 години пред филмот „Брилијантин“ и ги следи дамите во розево (Pink Birds) пред да завладее рокенролот и членовите на групата „T-Birds“.