272
Евакуацијата од аеродромот во Кабул е во застој, бидејќи луѓето во очај се обидуваат да го напуштат Авганистан со блокирање на пистата на аеродромот, објави денеска претставник на германското Министерство за надворешни работи.
„Во моментов нема воздушен сообраќај, бидејќи голем број очајни луѓе се на пистата на аеродромот“, рече германскиот претставник на прес -конференција во Берлин, пренесува „Ројтерс“.
Четириесет вработени во германската амбасада во Кабул беа евакуирани синоќа во Доха, рече тој, додавајќи дека десетина германски претставници ќе останат на аеродромот во Кабул за да ја координираат евакуацијата, пренесува „Танјуг“.