Утрински навики поради кои се чувствуваме уморно во текот на денот

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Веројатно едно од најлошите чувства е да се разбудите уморни, без никаква енергија за да ги извршите сите работни задачи што ве чекаат во текот на денот.

Меѓутоа, наместо да го одложите алармот за спиење „само уште пет минути“, или да пиете кафе на празен стомак за брзо да се разбудите, ви предлагаме да го направите спротивното.

Токму овие навики прават да се чувствувате уморно во текот на денот.

Одложување на алармот

Експертите тврдат дека одложувањето на алармот не е добра идеја, бидејќи со притискање на копчето „snooze“, ѝ пречите на РЕМ фазата на спиење. Ако постојано ја прекинувате оваа фаза на спиење, ќе се чувствувате исцрпено и ненаспано.

Покрај тоа, може да заспиете за време на одложувањето на алармот, што доведува до доцнење, неисполнување на работните обврски и договорени планови, што ќе ве направи многу нервозни.

Покрај тоа што е пожелно да станете штом ќе за заsвони алармот, експертите ве советуваат да се будите приближно во исто време секој ден, за да се разбудите со леснотија.

Лежење во кревет

Оние дополнителни пет минути лежење скупчени нема да ви ја вратат енергијата. Напротив, докажано е дека будењето во положба на фетусот предизвикува стрес, додека истегнувањето може да го реши тоа.

Ејми Кејди, психолог од Харвард, смета дека треба да се истегнете по целиот кревет веднаш по будењето. На тој начин, ќе ги истегнете сите мускули, а исто така ќе стекнете самодоверба за да го започнете денот, објаснува таа.

Ејми, исто така, тврди дека луѓето кои се будат со раширени раце во форма на буквата V се исклучително среќни.

Прво утринско кафе

Иако за многу луѓе кафето е главното средство за будење, пиењето веднаш по будењето може да има спротивен ефект.

Кофеинот го удвојува нивото на хормоните на стрес и може да доведе до проблеми со спиењето, а по некое време повторно ќе се чувствувате поспано.

Лекарите веруваат дека најдобро време за шолја кафе е помеѓу 9:30 и 11:30 часот, после појадок, и никогаш на празен стомак.

Слични содржини