Ангелов се извини: Немав лоша намера со мојата шега за украдената пила на Австријците

од Берта Китинска
197 прегледи

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција упати извинување за шегата која ја напиша во својот твит во врска со украдената пила на Австријците.

– Тогаш напишав саркастичен твит кој гласеше „Да бидам искрен и јас поверував на лажната вест за украдената моторна пила од австриските пожаникари, а и како да не поверувам кога токму тој ден околу Австријците се моташе делегација на ВМРО-ДПМНЕ“. Ова е обичен твит кој за твитер е нормален, каде преку исмевање укажувам на апсурдот дека е украдена моторна пила. Најмалку јас помислив дека член на делегација на ВМРО-ДПМНЕ украл моторна пила. Се работеше за шега, доколку некој се пронашол во овој твит јас се извинувам немав лоша намера немав лоша намера едноставно понекогаш кога е тешко треба низ хумор да се справуваме со актуелните теми, рече Ангелов.

Слични содржини