Рускиот амбасадор ги пофали Талибанците: Кабул сега е побезбеден отколку порано

од Stefanija Kuzmanovska
268 прегледи

Рускиот амбасадор во Авганистан, Димитриј Жирнов, го пофали однесувањето на Талибанците и рече дека милитантите, кои се уште официјално се на листата на терористички организации во Русија, го направија Кабул многу побезбеден во првите 24 часа отколку што тоа го правеа претходните власти.

Во разговор за радио станицата „Ехо на Москва“, Жирнов рече дека е импресиониран од досегашното однесување на Талибанците и го опиша нивниот пристап како „добар, позитивен и деловен“.

„Ситуацијата во Кабул е мирна и добра. Моменталната ситуација во Кабул е многу подобра отколку за време на администрацијата на претседателот Ашраф Гани. Вчера режимот се распадна како кула од карти. Постои чувство на немир, вакуум на моќ и крадци излегоа на улиците“, рече тој.

Гани, кој избега од Авганистан, рече дека сака да спречи крвопролевање.

Според Жирнов, првично невооружени Талибанци влегле во Кабул и побарале од локалните и американските сили да го предадат оружјето. Тој посочи дека вооружените талибански единици влегле подоцна кога Гани побегнал и бил воведен полициски час.

Тој наведе дека Талибанците ја презеле контролата врз безбедноста на руската амбасада, во која има повеќе од 100 вработени.

Жирнов додава дека училиштата во Кабул, вклучувајќи ги и оние за девојчиња, повторно почнале да предаваат.

Слични содржини