203
Важно е да се вакцинираат граѓаните и така е во целиот свет, вели министерот за здравство Венко Филипче.
– Тоа е единствениот начин да излеземе од пандемијата и да го вратиме назад животот во нормала. И кај нас бројките го покажуваат тоа дека вакцинацијата дава резултат. Од аплицирани 1 милион вакцини немаме посериозни несакани ефекти од вообичаените несакани ефекти, црвенило, покачена температура. Повикувам на активно вклучување кон овој процес на вакцнација со што побрзо ќе го достигнеме посакуваниот колективен имунитет, кажа Филипче во дневникот на Силте.