Мајкл Џордан „трие раце“ од продажбата на дресовите на Меси

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Од продажбата на дресовите на Лионел Меси од неговиот трансфер во ПСЖ, добра заработка оствари Мајкл Џордан.

Се прашувате што има врска легендарниот кошаркар со дресовите на Меси сега? Имено, компанијата „Ер Џордан“ произведува дресови за ПСЖ, а оние на Меси со бројот 30 на задната страна се продаваат како „алва“.

„Марка“ наведува дека Џордан има ставка во договорот со ПСЖ според која добива 5% од профитот од продажба на неговата спортска опрема.

Бидејќи парижаните досега собраа околу 120 милиони евра од дресовите на Меси, тоа значи дека на сметката на Јордан се депонирани околу 6 милиони евра.

Слични содржини