Ана Петровска ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје

од Берта Китинска
381 прегледи

Ана Петровска ќе влезе во трката за градоначалник на Град Скопје. Активистичката коалиција „Зелен хуман град“ ќе застане зад штотуку разрешената  директорка на Државниот инспекторат за животна средина,

-Ние имаме една заедничка визија. Пред да ја прифатам мојата кандидатура тие веќе ги зрееле своите идеи и тези за тоа како треба да се управува Градот, а јас не знаејќи за нив направив една компилација и замислете се вклопивме во 90 проценти во идеите, кажа Петровска.

Петровска  беше разрешена од Владата и од функцијата во матичната партија ДОМ поради разидување со лидерката Маја Морачанин.

Слични содржини