Сезонски работници ќе бидат сместени во прифатниот центар во скопска Гази Баба

од Берта Китинска
270 прегледи

Во скопската општина Гази Баба ќе се сместуваат сезонски работници кои ќе пристигнат во земјава.

-Прифатниот центар за странци Гази Баба е формиран и функционира согласно Законот за странци и е наменет за привремено задржување на странци во случаи кога се исполнети условите содржани во одредбите на Законот за странци, односно за сместување на странци кои не можат да се отстранат од територијата на државата во рок од 24 часа, од кои било причини, па се сместуваат во него во период од неколку дена, додека да се создадат услови да биде отстранет од државата. Најчесто станува збор за сезонски работници на кои им истекла дозволата за работа/престој, забавувачи во угостителските објекти без пријавен престој во државата, лица кои се затекнале тука без документ за идентификација и сл. Центарот претставува објект од затворен тип и е единствена установа во која се сместуваат странски државјани, а која е во надлежност на МВР, пишува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку својот Фејсбук.

Слични содржини