Во САД повеќе од илјада починати од ковид во еден ден

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Соединетите држави регистрираа повеќе од 1.000 смртни случаи од ковид-19 во еден ден, или 42 смртни случаи на час, според официјалните податоци собрани од „Ројтерс“.

Овој негативен резултат беше забележан во време кога  делта сојот на коронавирусот сѐ уште брзо се шири во многу делови од земјата со ниска стапка на вакцинација.

Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот се зголемува во последниот месец и во просек изнесува 769 на ден, што е највисоко од средината на април, пренесува N1.

Од почетокот на пандемијата во Соединетите држави, 622.813 луѓе починаа од ковид-19 и тоа е најмногу во светот.

Слични содржини