Жената која беше силувана од сопругот на Ники Минаж, ја тужи и раперката поради заплашување

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

Раперката Ники Минаж и нејзиниот сопруг Кенит Пети беа тужени од Џенифер Хог, наводна жртва на силување на Пети, за вознемирување и заплашување, пишува списанието „Пипл“.

Џенифер тврди дека сопружниците ѝ понудиле половина милион долари за да се откаже од тужбата, а наводното силување се случило во 1994 година, кога девојката имала 16 години.

Странските медиуми пишуваат дека Џенифер се изјаснила во тужбата и дека во една прилика ѝ понудиле 20.000 долари во замена за потпишување на веќе подготвена изјава со која таа ќе го отфрли обвинението за силување.

Таа тврди дека добила бројни вознемирувачки повици и посети од луѓе поврзани со славниот пар.

Џенифер тврди дека ги одбила сите понуди за мито што ѝ биле понудени и се плаши и ја чува својата локација во тајност за да не можат повторно да ја малтретираат.

Инаку, Ники Минаж се омажи со Пети во 2019 година. За него и претходно беше познато дека бил регистриран како сексуален престапник. Фановите често ѝ пишуваат во коментарите на фотографиите на социјалните мрежи да го напушти бидејќи заслужува подобро.

Слични содржини