Се појавија докази дека Бритни се омажила во тајност

од Stefanija Kuzmanovska
383 прегледи

Бритни Спирс зад себе има два брака, а првиот траеше само 55 часа. Тогаш се омажи за пријател од детството, Џејсон Александар, во Лас Вегас. Во 2004 година, таа се омажи за Кевин Федерлајн, со кого има две деца – Шон и Џејден, а се разведоа четири години подоцна.

Бритни потоа се вери со својот агент Џејсон Травик во 2011 година по една година врска, но нејзините обожаватели мислат дека се венчале во тајност.

Сомнежот го покренаа новите документи откриени за подкастот „Toxic: The Britney Spears Story“, кој е поддржан од активисти кои го започнаа движењето Free Britney во 2019 година.

Судските документи се поднесени во врска со старателството под кое живее Бритни од 2008 година. Сметководствените документи поднесени до судот во Калифорнија во октомври 2012 година содржат надомест за развод во износ од 9.150 американски долари, тврдат авторите на подкастот, а пренесува порталот 24sata.hr.

Тие, исто така, истакнаа дека пејачката случајно го нарекла Џејсон нејзин сопруг за време на радио интервју минатата година.

Џејсон работел како нејзин агент од 2008 година и стана нејзин старател, заедно со нејзиниот татко Џејми, откако се верија. Нивното раскинување беше објавено во 2013 година, само три месеци по поднесувањето на документите за развод.

Слични содржини