197
Министерот за здравство Венко Филипче во гостување на вестите на Канал 5 телевизија кажа дека третата доза вакцина против ковид-19 може да биде од друг производител.
-Третата вакцина може да биде различна од првите две. Препораката на Комитетот за имунизација согласно ставовите на Американскиот центар за контрола на болести е да се вакцинираат со трета доза тие кои се имунокомпромитирани за дополнителна заштита. Конкретно, тоа се пациентите кај кои е извршена транспалантација и тие кои се на хронична дијализа, рече Филипче.