Меган Маркл и принцот Хари нема да ја крстат малата Лилибет во присуство на кралицата Елизабета, туку ќе имаат „тајна“ церемонија во САД.
Експертот за кралското семејство Ричард Фицвилијам тврди дека војводата и војвотката наводно ќе ја крстат својата ќерка во Калифорнија, пишува The Sun.
Се тврдеше дека парот сакал да ја крсти својата ќерка во присуство на кралицата (95) во Виндзор. Сепак, експертот Фицвилијам за „Експрес“ изјави дека Меган и Хари наводно ќе го направат тоа на свој начин со Лилибет.
– Се чини дека крштевањето ќе се одржи во родната држава на Меган (Калифорнија) и тоа со голема тајност и без контроверзии. Сите тие работи беа присутни на крштевањето на Арчи – рече Фицвилијам.
Инаку, кралицата Елизабета не присуствуваше на крштевањето на Арчи во 2019 година бидејќи имаше обврски.