Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека Брисел нема да дозволи Москва и Пекинг да ја контролираат ситуацијата во Авганистан.
Тоа го изјави на вонредната седница на комисијата за меѓународни односи на Европскиот парламент.
– Имавме состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ околу Авганистан и разменивме мислења за тоа како треба да се поставиме за прашањето за новата политичка реалност во Кабул. ЕУ не смее да дозволи Русија и Кина да ја преземат контролата врз ситуацијата во Авганистан и да станат спонзори на Кабул. Мораме да реагираме – рече Борел.
Претходно, Борел изјави дека ЕУ ќе мора да соработува со Талибанците за да обезбеди поддршка на авганистанскиот народ, дури и ако ЕУ не ги признае како легитимни власти на Авганистан.
Тој исто така рече дека ЕУ ги суспендира исплатите за развојна помош за Авганистан сега кога земјата е под контрола на Талибанците.