321
На 18.08.2021 околу 12.50 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле 30-годишниот А.С. од тетовско Слатино, осуден на затворска казна за учество во сообраќајна несреќа со тешки последици.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.