Полн погодок или модна катастрофа? Ова издание на Хајди Клум го подели интернетот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
387 прегледи

Манекенката Хајди Клум се појави на снимањето на шоуто „Америка има талент“ во модна комбинација што предизвика контроверзии на Интернет.

За една од најголемите sвезди на светскиот модел, Хајди Клум, се чини дека времето стои, и иако го прослави својот 48 -ми роденден во јуни, таа лесно можеше да оди по пистата рамо до рамо со младите надежи во манекенството.

Моделот носеше длабоки ѕвонарки и цветно-чипкаст топ и нагрна свилена кошула. И панталоните и кошулата се украсени во „patchwork“ стилот, а Хајди ги носеше со крената коса и обетки во форма на цвеќиња.

Покрај тоа, моделот се одлучи за силна шминка, црвен лак и црни сандали со отворени прсти, а ако ги прашате љубителите на модата, мислењата се поделени – има и такви кои мислат дека Хајди Клум избрала како да блесне на црвениот тепих и на малите екрани, а не е мал бројот и на оние кои мислат дека овој изглед е премногу агресивен и дека има премногу бои и дезени што не се совпаѓаат.

Слични содржини