Сибир: Добро сочувано лавче пронајдено во вечниот мраз кое живеело пред 28.000 години

од desk4
392 прегледи

Женското лавче, по име Спарта, има траги од мајчиното млеко внатре, крзно, внатрешни органи и скелет.

Неверојатно добро сочувано пештерно младенче лав пронајдено во сибирскиот мраз, живеело пред 28.000 години и во него може да има траги од мајчиното млеко, велат научниците.

Женското младенче, по име Спарта, беше пронајдена кај реката Семјуелијах во рускиот регион Јакутија во 2018 година, а второто младенче лав наречено Борис беше пронајдена претходната година, според студијата објавена во научното списание „Кватернеар“.

Валери Плотников, еден од авторите на студијата, рече дека Спарта била толку добро сочувана што уште го имала крзното, внатрешните органи и скелетот.

Плотников рече: „Самото откритие е уникатно; немаше друго такво откритие во Јакутија.

“Се надеваме дека се уште ќе има траги од мајчиното млекп, бидејќи ако го имаме тоа, можеме да откриеме каква била исхраната на нејзината мајка”.

Спарта и Борис, машко младенче, беа пронајдени на само 15 метри оддалеченост едно од друго, но не се само од различни легло, туку се родени и илјадници години едно од друго.

Борис живеел пред околу 43.448 години, се вели во студијата.

Двете младенчиња на возраст од еден до два месеци беа пронајдени од колекционери на заби од мамути.

Две други лавови младенчиња по име Ујан и Дина, исто така, се пронајдени во регионот во последниве години.

Климатските промени го затоплуваат Арктикот со побрзо темпо од остатокот на светот и го одмрзнаа теренот во некои области кои долго биле под вечен мраз.

Слични содржини