Израел одлучи да ја намали минималната возраст за примање на третата доза вакцина против коронавирус на 40 години, со цел да се потисне зголемувањето на бројот на заразени со делта сојот, рече министерот за здравство во четвртокот Ницан Хоровиц.
„Вакцината е ефикасна, да ја запреме делтата“, додаде министерот.
Третата доза ќе започне да се дава в недела за Израелци на возраст од 40 години и повеќе.