Успешно е завршен процесот на евакуација на македонските државјани од Кабул

од Берта Китинска
180 прегледи

Сите наши државјани кои биле пријавени за евакуација од Кабул, веќе го имаат напуштено Авганистан.

– Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Велика Британија, над 20 граѓани се во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри. Нашите граѓани кои се наоѓаа во НАТО базата во Кабул вчера го напуштија Авганистан и се наоѓаат во Осло, Норвешка, изјави Заев во Јегуновце.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека успешно е завршен процесот на евакуација на македонските државјани.

– Според последните информации кои се пристигнати од нашата дипломатска мрежа, најголемиот дел, или 39 наши граѓани се наоѓаат во Свиндон, Велика Британија, од каде по неколкудневниот карантин, согласно епидемиолошките правила на земјата, ќе бидат упатени за дома; во Осло, Норвешка се наоѓаат седум наши граѓани, кои исто така согласно епидемиолошките мерки на земјата домаќин се наоѓаат во неколкудневен карантин, по што наскоро ќе бидат упатени дома. Последно, 27 наши граѓани се наоѓаат во воената базата на САД во Доха, Катар и се на безбедно. Трансферот на овие граѓани кон Европа сѐ уште не одреден и се прават дополнителни напори и со катарските власти, и со администрацијата на САД, за нивно скорешно упатување кон Скопје, објави министерот.

премиерот во дневникот на ТВ Сител истакна дека не треба да се биде голем или поголем од другите и да се биде богат за да се покаже големо срце и човечност.

Според него, политикантски се коментарите дека нашата земја покажала повеќе волја од поголеми и побогати држави да ги прифати бегалците од Авганистан.

– Ова е прашање на принципи, вредности, на хумана определба да покажеме дека сме луѓе и дека имаме разбирање за страдањето на народот на Авганистан. Многу сум горд на тоа дека ќе им дадеме надеж на 450 до 500 или повеќе луѓе во неволја, рече Заев.

Слични содржини