Норвешкиот репрезентативец Марин Одегард одлучи да го напушти Реал Мадрид.
Одегард некогаш важеше за еден од најталентираните играчи во Европа, а Реал Мадрид го доведе во своите редови кога имаше само 16 години и издвои околу три милиони евра за него.
Сепак, на младиот норвешки фудбалер никогаш не му беше дадена вистинска шанса да се докаже во Кралскиот клуб и во претходните сезони најчесто играше на позајмица.
Одегард ја помина втората половина од минатата сезона во Арсенал на позајмица и остави одличен впечаток. Затоа „топџиите“ одлучија да го откупат неговиот договор од Реал, што го потврдија денеска.
Арсенал утрово ги воодушеви навивачите со официјалната потврда дека Одегард е нов играч на овој клуб и дека потпишал договор до летото 2025 година.