185
Министерството за надворешни работи утре, од 11 до 17 часот, организира Отворен ден. Граѓаните ќе можат да дојдат во просториите на министерството и да ги претстават своите забелешки, предлози и идеи пред ресорниот министер Бујар Османи и останатите вработени.
-Дипломатијата ги отвора вратите. Министерството за надворешни работи ги отвора вратите за средба со граѓаните резиденти во земјава и претставници на дијаспората, со цел да ги слушне нивните забелешки, предлози и идеи, за подобрување пред сѐ на конзуларните услуги, но и за сите други области кои се од директен интерес за граѓаните, а поврзани се со работата на оваа институција, напиша на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи.