Иако ден претходно остро демантираше на социјалните мрежи дека бара нов клуб и бара начин да го напушти Јувентус, Кристијано Роналдо не успеа да ги спречи шпекулациите.
Италијанските медиуми и денес пишуваат дека неговата ситуација во клубот е „многу комплицирана“, но и дека неговото заминување е „уште покомплицирано“.
Според „Кориере дело спорт“, Португалецот е свесен дека повеќе не е во центарот на новиот проект предводен од Масимилијано Алегри, па му наредил на агентот Жорже Мендеш да го спаси од Торино една година пред истекот на договорот.
Сепак, нема конкретни и задоволителни понуди.