Последната желба на антиваксерка што умира: „Ве молам, моите деца да се вакцинираат“

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Мајка на четири деца во Тексас одби да се вакцинира против ковид-19, но откако го загуби сопругот и самата се зарази со коронавирус, нејзината последна желба беше да ги вакцинираат нејзините деца.

Лидија Родригез (42), професорка по пијано во градот Ламарк, почина во понеделникот, две недели откако нејзиниот сопруг Лоренс (49) подлегна на вирусот.

Нејзината роднина, Доти Џонс за локалната телевизија ABC13 изјави дека парот не верува во вакцини. Кога Родригез се премислила, веќе беше доцна.

„Пред да биде интубирана, една од последните работи што ги кажа на нејзината сестра беше: „Те молам, погрижи се моите деца се вакцинираат“, рече Џонс.

„Сега ќе беше со своите деца да се вакцинираше“, додаде таа.