254
Претпладнево во центарот на Дебар избувна пожар во стан на третиот кат од станбена зграда што се наоѓа на главната улица „Осми Септември“. Благодарение на брзата интервенција на дебарските пожарникари спречено е проширување на пламените јазици.
-Добивме дојава за пожарот во 10:55 часот. Во секој момент сме подготвени и за неколку минути бевме на местото. Пожарот го изгаснавме за десеттина минути. Според првичните сознанија причина за пожарот е електричен апарат – клима уред, изјави за МИА Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица.
Предзвикана е материјална штета во станот каде и се појавил пожарот, а помала материјална штета има и на станот над опожарениот.