Француската држава ќе заработи 147 милиони евра од трансферот на Меси

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Пристигнувањето на Лео Меси во ПСЖ е фудбалска приказна за летото, настан што ја смени историјата на најпопуларниот спорт.

Дел од таа приказна е, се разбира, финансискиот аспект на овој трансфер.

Официјално е дека Аргентинецот пристигна како слободен играч, неофицијално ќе заработува 40 милиони годишно за три години во Париз.

Француските медиуми анализираа и колку неговото доаѓање ќе влијае на францускиот буџет.

И пресметаа дека ПСЖ ќе уплати 147,3 милиони евра во државната каса за време на неговиот престој во клубот.

Од тоа, 38,2 милиони евра ќе се плаќаат годишно за неговото здравствено и социјално осигурување, а 10,9 милиони годишно даноци.

Ова значи дека ПСЖ ќе потроши околу 270 милиони евра за доаѓањето на Меси за три години, вклучувајќи ја и неговата плата.

Слични содржини