Полската европратеничка Ана Фотига го нарече гасоводот „Северен тек 2“ закана за општата безбедност и повика да се спротивстави на неговата експлоатација, пишува „РТ“.
– Компанијата „Северен тек 2АГ“, која е регистрирана во Швајцарија, не ги исполнува основните услови за сертификација. Акредитираното тело е должно да го оневозможи сертификатот што ја загрозува енергетската безбедност на која било земја -членка на ЕУ – се наведува во обраќањето на членката на Европската комисија.
Покрај тоа, таа наведува дека компанијата наводно не сака да ги почитува основните правила на Третиот енергетски пакет на ЕУ.
Смета дека компанијата „Северен тек 2АГ“ поднела барање за сертификација на проектот како независен оператор на гасоводот и подвлече дека издавањето на таков документ е можно само доколку гасоводот постоел до 23 мај 2019 година.
Киев ќе формира работна група која ќе се бори против „Северен тек 2“ и ќе ја сочинуваат членови на владата, пренесува РБЦ-Украина, повикувајќи се на писмата на премиерот на Украина Денис Шмигаљ и началникот на кабинетот на претседателот на Украина – Андреј Јермак.
– Планот е да се создаде целосна платформа за комуникација за разгледување и разработка на предлози за мерки за неутрализирање на опасностите што може да се појават по пуштањето во употреба на „Северен тек 2“ – пренесуваат медиумите.
Проектот „Северен тек 2“ подразбира изградба на два краци од гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Бројни европски компании учествуваат во изградбата на гасоводот.
Украина активно се бори против изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, плашејќи се дека ќе ги загуби приходите од транзитот на руски гас, како и бројните европски земји, вклучувајќи ги Полска, Летонија и Литванија, како и САД, кои сакаат да го продава својот течен природен гас во ЕУ.