ССМ одбележува 75 години од своето постоење

од Vladimir Zorba
192 прегледи

На 21 август сеодбележува 75 години од основањето на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Првиот Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија со тогашен назив Единствени синдикати на работниците и намештниците на Македонија започнал на 18 и траел до 21 август 1946 година во градскиот парк во Скопје, Македонија, во време кога работничката класа водела успешна борба за обнова. За прв претседател е избран Аспарух Корубиноски, а од основањето, Сојузот на синдикатите на Македонија имал 19 Претседатели.

„Така започнува нашата успешна приказна која во периодот од првиот Конгрес на ССМ па наваму има големо значење за работничката класа, а ССМ како класна работничка организација ја опфаќа скоро целата работничка класа во Македонија“, велат од ССМ.

Сојузот функционира како најстар, репрезентативен синдикат и социјален партнер во државата и приоритетно се залага за активности и мерки кои ќе придонесат за заживување и развој на економијата како база за целокупен напредок на општеството, а приоритет се правата, интересите и потребите на работниците. ССМ е лидер на синдикалното движење во Македонија, како најстариот и најброен синдикат во државата. Оваа лидерска позиција ССМ успева со напорна работа, пред се на терен со членството, да ја задржи сите овие 75 години од формирањето, велат оттаму.

Слични содржини