252
Министерот за здравство, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има посебни мерки и протоколии за лицата од Авганистан кои привремено треба да бидат прифатени овде, посочи дека нема да има карантин за овие граѓани.
Тој најави дека на сите овие луѓе ќе им се направи ПЦР тестирање, а невакцинираните од сите што ќе дојдат, после два или три дена од тестирањето ќе бидат вакцинирани.
„Тоа ќе се спроведе во местата односно во хотелите каде што ќе бидат сместени. Карантин нема да има бидејќи имаме ПЦР тестирање и гледаме дали се вакцинирани. Ова е поголемо внимание бидејќи организирано доаѓа поголема бројка на луѓе“, кусо додаде ресорниот министер.