Холандија ги забрани фестивалите, бесните музичари излегоа на улица

од Nikola Popovski
193 прегледи

Илјадници Холанѓани, вклучувајќи музичари и организатори на фестивали, демонстрираа денеска во неколку градови против ограничувањата воведени поради коронавирусот, како резултат на што беа откажани бројни музички настани.

Демонстрантите во шест градови рекоа дека ограничувањата не се фер кон фестивалската индустрија.

На протестниот марш во Амстердам им се придружија илјадници граѓани, кои танцуваа зад конвој камиони со диџеи и звучни системи.

Еден од демонстрантите ја спореди фестивалската индустрија со несакано дете, наведувајќи дека излегува дека сите сектори на економијата се важни, освен нивната.

Холандската влада ја забрани организацијата на масовни настани како што се фестивалите до 19 септември, стравувајќи од ширење на многу заразна делта на вирусот коронавирус.

Дозволено е само организирање на еднодневни настани, со присуство на најмногу 750 луѓе, кои мора да се вакцинираат, да бидат негативни на коронавирус или да ја прележале инфекцијата во последните шест месеци.

Организаторите на денешните протести бараат владата да ја укине забраната на 1 септември.

Фото: Peter Dejong /AP

Слични содржини