МЗ: Вчера се вакцинирале над 17 илјади граѓани

од Nikola Popovski
140 прегледи

Вчера вкупно се вакцинирале 17.099 граѓани. Вкупно се аплицирани 1.152.274 дози вакцини, а ревакцинирани се 499.934 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.398 граѓани, објавија од Министерството за здравство.

Со последните бројки, велат од таму, 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 67% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 63% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 54% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

-Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, стои во соопштението на министерството.

Слични содржини