Французите повторно на улица, не сакаат здравствени пропусници

од Nikola Popovski
155 прегледи

Илјадници Французи повторно излегоа на улица, противејќи се на воведувањето здравствени дозволи, но и вакцинацијата на деца и адолесценти, пренесуваат француските медиуми.

Шести последователен викенд, Французите протестираат против одлуката на претседателот Емануел Макрон да воведе пропусници, за кои сметаат дека е неправедно ограничување на правата на невакцинираните граѓани.

Протести се одржаа во Париз, Монпелје, Стразбур, Бордо и други градови, а според податоците на тамошното МВР, низ земјата имало околу 175 илјади демонстранти, што е помалку од претходниот викенд, кога имаше околу 214 илјади граѓани улиците, јавува Франс24.

Слични содржини