Пилотот и го спасил животот: Авганистанка се породи во авион за евакуација (ФОТО)

од Берта Китинска
288 прегледи

Американската војска објави на Твитер дека бремена жена од Авганистан, која била во транспортен авион, се породила веднаш по слетувањето во базата Рамштајн

Летови за евакуација од Кабул до американската база Рамштајн во Германија започнаа во петокот доцна вечерта, а таму веќе пристигнаа повеќе од 2.000 бегалци.

Жената добила породилни болки за време на вториот дел од летот од Кабул до Германија.

Американските воздухопловни сили соопштија дека дошло до компликации додека авионот летал на височина од 8.534 метри поради помалиот воздушен притисок во авионот.

Но, бидејќи на бремената жена ѝ се слошило, пилотот отишол пониско за да го зголеми воздушниот притисокот и со тоа да ѝ го спаси животот.

По слетувањето, медицинскиот персонал од воздухопловната база помогнало при породувањето во товарниот простор на авионот.

Слични содржини