66-годишен скопјанец превезувал нелегално исечено огревно дрво, по што се однесувал агресивно кон Шумската полиција

од Nikola Popovski
368 прегледи

МВР соопшти дека 66-годишен скопјанец било уапсен откако бил фатен како превезувал нелегално исечено огревно дрво а подоцна, како што соопшти полицијата, агресивно се однесувал и кон овластените лица.

-Вчера во 19.30 часот на место викано „Крстена вода“, атар на с.Белица, Македонски Брод, полициски службеници од Полициска станица Македонски Брод го лишиле од слобода С.А.(66) од Скопје, затоа што со товарно возило превезувал нелегално исечено огревно дрво и се однесувал агресивно кон Шумската полиција кои извршувале службени дејствија, соопштија од полицијата.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа надлежните органи.

Слични содржини